2win800x200

Асфалт на улицата кон филмскиот мост во Зовиќ и манастирот „Св Илија“ Брен

Јуни 13, 2022

Се асфалтира улица кој води кон Филмскиот мост во мариовското село Зовиќ, а ќе се врши асфалтирање на патна делница која води од Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен). Ова е проект на Министерството за локална самоуправа финансиски поддржан од Прогрмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, а се однесува на искористување на конкурентните потенцијали во Пелагонискиот регион преку зголемување на капиталните инвестиции во инфраструктура.

Една од целите на проектот е да се изврши подобрување на патната инфраструктура која е неопходна за развој на туризмот во Пелагонискиот регион.

„Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред се, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно го посетуваат Мариово и селото Зовиќ. Изградбата на оваа инфраструктура ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3% од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи годишно“, соопштија од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Ианку, Зовиќ е оддалечено на 52 километри од Битола, а бидејќи со години беше оставено отсечено од цивилизацијата, со земјен пат кој тешко се минуваше со автомобил, освен со џип, остана без повеќето свои жители. Дветте километри од патот беа асфалтирани пред две години и донесоа нов живот за Зовиќ. Посебно за време на пандемијата, местото го посетуваа преку викенд и по стотици посетители.

За популарноста на мостот придонесоа филмовите „Прашина“ и „Врба“ на македонски режисер Милчо Манчевски, зашто сцени од нив се снимени токму таму. Поради тоа мостот се нарекува Филмски. Инаку, постоел и во турско време, но бил дрвен, а откако се струшил во 1952 година бил изграден од делкан камен од мајстори од Струшко. Камениот мост заедно со пејсажите на Градешка Река им го одземаат здивот на посетителите.

288117702 5389104954475049 4716266582635149432 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани