2win800x200

(ВИДЕО+ФОТО) РАРИТЕТНАТА КОЛЕКЦИЈА НА ЗОКИ МУВА -ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА

Јули 09, 2022

Кога ќе влезете во просторијата со старински предмети, своевиден мини музеј на битолчанецот Зоран Николовски-Мува, како да влегувате во временска капсула од пред седумтесетина години. Полан е до таван со стари транзистори, радија, грамофони, касетофони, магнетофони, плочи, касети и други собирани предмети. Ова е сигурно една од најбогатите колекции во земјава, а може и пошироко, со стари носачи на звук. Брои над 150 транзистори, седумдесетина грамофони, над 40 радија, 10 магнетофони, прожектор со „срча слика“, видео рекордери... Во раритетната збирка најстрите примероци се магнетофон и транзистор од педесетите години на минатиот век, а најстар грамофон е „Бамбино“ од 1964 година.

gramo

„Кога ме прашувате од каде оваа пасија за собирање аудио апарати, пред очи ми излегува радио- грамофонот со капак ‘Порторож’, кој го имаше татко ми. Пораснав со плочите од тоа време. Тоа беше звук. Топол, нежен, носталгичен...Најновиот течефон или компјутер, нема шанса да го извадат тој звук на старите добри винили. Еден возач од поранешен Транскоп, кој патуваше низ Европа, ни донесе мини системче ‘Филипс’. Ден денес го чувам и е во исправна состојба. Со него ги прославивме полуматурата, матурата, куп банкети, седенки, журки. Тоа беше време кога луѓето беа пресреќни да имаат транзисторче и цел свет да биде нивен, а денес на децата да им дадеш и систем со 3000 вати озвучување, не можеш да ги задоволиш. Не гледаат радост и среќа во вакво нешто“, вели Зоки Мува.

Овој вреден колекционер работи во РЕК „Битола“, хоби му е производство на мебел, а пасија собирање стари предмети. Со колекционерство се занимава четири години, а веќе успеа да собере стотици предмети, претежно за емиtување музика и многу плочи и касети. Се присетува дека на времето цела кеса касети менувал за една која била многу ретка. Тогаш не постоеше јутјуб и пристапот до музика не беше едноставен, па се даваа и по 20 касети за да добиеш една која ти недостига во колекцијата. Во збирката, досега има вложено над 3000 евра, a желба му е да ја надополни уште со еден џубокс.

gramo2

Ретката збирка ја отсликува Битола, не само затоа што дел од предметите се донирани и купувани од битолчани, туку и затоа што градот од памтивек ја негувал музиката. Битола не случајно е позната како град на клавирите, баловите, серенадите...

„Многу куќи во Битола во минатото поседуваа вакви апарати, од грамофони, видео рекордери, радија, транзистори...Битола од секогаш бил боемски град, каде се негува добрата музика. Дел од донациите се од битолски семејства и тоа радија и грамофони во производство на Искра, Савица, Никола Тесла...Просторијата каде се изложени експонатите ја има магијата од педететите до осумдесетрите години на минатиот век,. Во боздухот се лувствува мирис на старо, на историја. Самата глетка веднаш те навраќа на она не така одамна југословенско безгрижно и убаво време“, вели Зоки Мува.

grafo 3

Дел од апаратите се во фунцкија, а дел не. Но има и мајстори кои знаат да ги поправат, па се надева дека еден ден ќе ги врати во функција сите.Пред две години Турчин од Измир му нудел 5000  евра да ја откупи цела колекција, но Зоки вели: „Што вредат парите, ако се загуби ова богатство“. Желба му е да отвори мала кафетерија во старата битолска чаршија, каде сето ова, засега скриено богатство, ќе биде изложено. Секој еден добронамерник да може да ја разгледа колекацијата, да испие вкусно македонско чаршиско кафе, слушајќи евергрини од седумдесетите години од страр грамофон.

„Да се отвори некоја малечка кафетерија, сето ова да биде изложено, да се слуша исклучиво музика од грамофон. Местото да е опремено во  ретро стил. Во чаршијата да се добие репрезентатривен објект каде и туристи би дошле, објект со душата на Битола каков што досега нема“, вели Мува.

Ж.З. 

gramo5

gramo6

gramo 7

gramo8

gramo9

gramo10

gramo11

gramo12

gramo13

grafo 14

grafo 15

grafo 16

grafo 17

grafo 18

grafo19

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани