2win800x200

Чекор за поздравување-За шест недели уапсени 26 дилери на дрога во Битола

Јули 15, 2022

За последните месец и половина, од почетокот на јуни до денес, битолската полиција лиши од слобода  26 дилери на дрога во Битола, изврши повеќе претреси и пронајде и одзеде дрога, потврдуваат за Апла.мк од СВР Битола.

На подрачјето на град Битола во месец јуни 2022, полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Битола во делот на недозволената трговија со дрога имаат поднесено вкупно шест кривични пријави, против шест сторители.

Пет од  делата се однесуваат на чл.215 од кривичниот Закон односно (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори), а две дела се однесуваат на чл.216 од Кривичниот законик, односно (овозможување на употреба на наркотични дроги).

Во текот на месец јуни на подрачје на Битола извршени биле осум претреси во домови и други простории како и еден претрес во возило при што лишени од слобода биле 16 лица, а задржани во полициска станица  10 лица. Oдредени е притвор за две лица.

Пронајдено и одземено било 10 пакувања со кокаин, четири пакувања со марихуана, две пакувања со амфетамин, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и една дробилка со остатоци од марихуана.

Во месец јули 2022 во делот на борбата со недозволена трговија со дрога  до денес приведени  се 10 лица при што поднесена е една кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

При извршени проверки пронајдени и одземени се 7 пакувања со марихуана, ќеса со кокаин, едно пакување со амфетамин, една дигитална вага, како и други предмети со остатоци од кокаин. 

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на контроли,проверки и активности во насока на  борбата со злоупотребата на дрога ,производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори како и на откривање и санкционирање на сторители на вакви и слични кривични дела, стои во анализата на СВР-Битола, дадена за Апла.мк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани