2win800x200

Поради врнежите еден од багерите во Суводол со краткотраен прекин во работењето

Септември 17, 2022

 

 

Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС ,,Суводол"  во РЕК ,,Битола" од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопштија од Комбинатот. 

 
 Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. 
 
,,Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција", соопштија од ЕСМ. 
 
Од таму потенцираат дрка  багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС ,,Суводол" на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, од ЕСМ соопштија дрка на депонијата за јаглен во РЕК ,,Битола" има сосема доволни количини на јаглен за непречено производсто на струја.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани