2win800x200

„И јас сум тука“ изложба која се бори против предрасудите за лицата со попречености, поставена и во Битола

Септември 30, 2022

„Многу пати сум се почувствувал дискриминиран и искористен. Но, јас им се спротивставувам. Едноставно им велам: Чао, пријатно, вие не заслужувате да се дружам со вас“. Ова е едно од сведочењата на 31 годишниот Александар Василевски учесник во изложбата „И јас сум тука“ чиј автори се фоторепортерите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска. Изложбата која е беше отворена вечерва во Центарот за култура во Битола вклучува портрети придружени со приказни за 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија. Меѓу нив и пет лица кои се дел од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“. Фотографиите се авторски труд на Огњанов, а приказните на Ѓорѓијевска.

307844705 557268732870685 2737767325946468853 n

Долгогодишната новинарка Ѓорѓијевска вели дека низ итервјуата со давесетте херои од нивната изложба забележале дека заедничка мисла им е тоа што не сакаат да бидат недоволно почитувани и неважни.

-Имавме разговор со дваесетмина од деца до возрасни, згрижени лица, луѓе со различна животна ситуација. Меѓутоа на сите нив како заеднички содржател им пречи кога не се доволно почитувани, дали од другарите на улица, од инстуитуција, на училиште, неприфатеноста. Никој не сака да биде изолиран, да биде неважен. Затоа и пораката на овој проект е дека преку култура и уметност можеме многу поедноставно да допреме до публиката, децата, но пред се и до возрасните затоа што децата предрасудите ги стекнуваат од нас“, рече Ѓорѓијевска.

309016680 654974559265096 3765477581698070753 n

Авторот на фотографиите Огњанов љуби да каже „најсреќн бев кога ќе изнудев насмевка од лицата на нашите херои. Сите тие беа многу среќни што некој ги побарал, им се обратил, ги прашал што прават во животот, со какви предизвици се соочуваат“.

Изложбата ја отвори директорката на Центарот за култура Маја Андоновска - Илијевски, a присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На настанот беше промовирана и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.

308006475 422791373316576 961513807235698745 n

308259429 770694740869214 9144213707834570701 n

„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Целта на проектот е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост.

309291984 1006340456842278 3846681739108128273 n

„За нас ова беше едно големо патување и се уште е. Започна минатата година во ноември во Скопје и се трудиме во што повеќе градови да ја однесеме изложбата. Бевме во Гевгелија, Богданци, Неготино, Кавадарци, а есенва продолжуваме со овој караван низ Источна Македонија. Се трудиме со изложбара да ги посетиме сите градови од каде беа нашите херои. Тие беа пресреќни што им се случува една ваква работа, пресеќни да се видат на голема фотографија. И до еден човек или едно дете да допреме ќе биде успех“, рече Ѓорѓијевска.

309302439 1098862070746496 424235105104394063 n

Во Центарот за култура во Битола во рамки на истиот настан беше прикажан и документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског. Тоа е популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.

Во филмот играат актери од театарот „Глада Худик“, кој е основан во 1996 година од Пер Јохансон, кој смета дека секој од нас треба да биде продолжена рака на луѓето што имаат некаква попреченост. Актерите во овој театар се вистински ѕвезди во Шведска и помогнале многу во борбата со предрасудите кон лицата со интелектуална попреченост.

307983034 475785584471350 7127845328765993255 n

-

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани