2win800x200

Ќе биде распишан повик за проект за реконструкција на кино Партизан и дел од објектот на Центарот за култура во Битола

Октомври 13, 2022

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стројчевска на денешната прес конференција најави дека за скоро ќе биде респишан повик за нов ппроект за реконструкција на некогашното  кино „Партизан“ во Битола и реконструкција на дел од салата во Центарот за култура. Таа рече дека Министерството за култура во однос на капиталните инсветции има доста солидна реализација и тие не запреа. 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија соопшти и дека од понеделник, 17 октомври, во 8 часот, ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот.

„Користејќи ги позитивните, но и негативните искуства од претходното, всушност, прво аплицирање по електронски пат, оваа година електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура. Тоа го правиме со цел дополнително да ја поедноставиме процедурата, на апликантите да им заштедиме и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат, како што се, на пример: уверение за државјанство, увид во  тековна состојба и слично“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На прес-конференцијата беше кажано дека техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1665749539803000&usg=AOvVaw04e9jJyDHd0SGd84xBNIe8">uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги објасни придобивките од новиот начин на аплицирање кој се воведе минатата година со што, межу другото се скрати времето за евалуација на поднесените пријави за десетина илјади работни часови, а се избегнаа можностите за злоупотреба, како менување или дополна на пријавите.

Таа додад дека со новиот начин на аплицирање, пак, добиваме нова придобивка. „Преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените во правилата на Конкурсот. Затоа, и во оваа пригода ги замолувам корисниците  да обрнат внимание на Општите услови и на условите за аплицирање во секоја дејност одделно. Особено во делот кај условите, со колку проекти може да се конкурира по дејност бидејќи, да повторам, системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Новина годинава е што, за првпат и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

Помош во делот за пријавите корисниците и натаму ќе можат да побараат од секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани