2win800x200

Истражување за јавните набавки во општина Битола и јавните претпријатија за 2021 година

Октомври 28, 2022

          

Младински културен центар – Битола во рамките на проектот „Заштита од корупција“ изработи истражување преку кое ги мапираше потенцијалните ризици од корупција во постапките за јавни набавки, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, спроведувани од страна на Општина Битола и шесте јавни претпријатија, од кои кај ЈП Урбанистичко планирање, проект и инженеринг утврдено е дека не се правени јавни набавки. Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Заштита од корупција“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации Скопје, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Истражувањето е изработено врз основа на унифицирана методологија која ја спроведуваат 8 невладини организации во 8 општини во државата (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип) и се заснова на индикатори кои унифицирано се применуваат и ги опфаќаат сите фази во јавните набавки (планирање, спроведување и реализација на склучени договори за јавни набавки). Целта на ова истражување е од една страна да се добие јасна слика за потенцијалните ризици од корупција на ниво на субјект, а од друга страна да се дадат препораки кон чие применување ќе треба да се стремат мониторираните инстутуции со цел подобрување на процесот на јавни набавки.

Во продолжение споделуваме дел од препораките за унапредување на системот за јавни набавки:

  • Да се подобри процесот на планирање на јавните набавки. Честите промени во планот за јавните набавки и непостоењето систем за следење на неговата реализација зборуваат за лошо планирање на јавните набавки и за неефикасно управување со јавните средства;
  • Да се внимава со тендерските  документации и техничките спецификации да не се ограничува конкуренцијата, туку таа да се поттикнува со цел да се добијат поголем број на понуди;
  • Електронската аукција да се применува само за производи со познат и стандардизиран квалитет и за коишто постои конкуренција на пазарот;
  • Да не се прибегнува лесно и често кон поништување на постапката по одредени основи, а кога ќе се направи тоа, да се даваат детални образложенија за да се увиди дали поништувањето е оправдано;
  • Доследно да се применуваат обврските од Законот за јавните набавки за објавување на известувањето за склучен договор во рок од 10 дена од склучувањето на договорот и за известувањето за реализиран договор во рок од 10 дена од целосната реализација на договорот; 
  • Да се објавуваат на веб-страниците сите релеватни информации за јавните набавки. За јавните претпријатија кои сè уште немаат изготвено веб-страници, обврската за објавување на релевантите информации треба да ја има Општина Битола;

За останатите препораки, како и споделување на останатите детални наоди од истражувањето дополнително ќе биде реализирана промоција кога ќе подготвиме печатено издание од истражувањето.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани