2win800x200

ОУ „Стив Наумов“ со богата програма одбележа 102 години од раѓањето на патронот и 80 години од неговата смрт

Октомври 29, 2022

Во насока на почитување на традицијата и зачувување на споменот на патронот Стеван Наумов-Стив, училиштето кое го носи неговото име, оваа година одбележа два значајни јубилеи: 102 години од раѓањето и 80 години од смртта на народниот херој Стив Наумов. Директорот на ООУ„Стив Наумов“, Никола Пискачев, за оваа прилика истакна дека бea  предвидени повеќе активности во текот на целата работна недела, а започнаa со собирната акција на храна за семејствата од ранлива категорија.


Во вторникот, на 25.10, бeше  реализирана крводарителска акција организирана од Црвениот Крст- екипата за трансфузиологија, а донатори биеа  вработените во основното училиште, но и родители и соработници. Акцијата според претставниците од Црвениот Крст беше  една од поуспешните според бројот на донатори и релаксираната  атмосфера во која се одвивала истата.


Во истиот ден се реализираа и спортските активности, преку пријателски натпревари меѓу основните училишта, поточно ООУ„Климент Охридски“ и ООУ„Стив Наумов“, во одбојка, со машките и женските тимови.


Во четвртокот, ученици со наставниците по историја одржаа историски час и положија цвеќе пред споменикот на Стив Наумов и спомен куќата на народниот херој, која е во непосредното соседство на училиштето. Заедно со делегација на Сојузот на борците од народноослободителната борба, цвеќе биеше  положено и пред споменикот на Стив Наумов во центарот, пред Офицерскиот дом.


Централната манифестација се одржа на 27.10, со свечена пригодна програма, во големата сала на Центарот за култура. Преку еден посебен спој на училиштниот хор и гостинот, тенорот Нико Ѓоргиевски, кој е внук на Надежда Ѓоргиевска, некогашна наставничка во училиштето и авторка на поемата за Стив, која вечерта беше  изведена од Нико Ѓоргиевски, им се оддаде  посебна почит на сите колеги кои својот работен век го поминаа  во ова училиште и во најблагородната професија, да се образува и подигне детската личност.


Промовиран беше  и документарниот филм за Стив Наумов- „ Херој на сите времиња“, дело на ученикот Давид Козаров, а особено значаен проект беше  филмот: „ Успешни приказни на наши некогашни ученици“- кратки изјави на успешни личности кои поминале низ клупите на ова училиште.


На истата манифестација биеа  доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс кој оваа година имал државен карактер и на кого биеа  поканети и збратимените училишта ООУ„Стив Наумов“од Скопје и ООУ„Мите Богоевски“ од Ресен. На литературниот конкурс наградите ги понесоа :
I место: Бојан Бошевски - ООУ „Тодор Ангелевски“
II место: Калина Андреевска - ООУ „Стив Наумов“
III место: Ивана Крстевска - ООУ „Стив Наумов“ , а на ликовниот: I место: Филип Макаријоски - ООУ „Тодор Ангелевски“
II место: Андреј Митровски - ООУ „Стив Наумов“
III место: Михаела Поповска - ООУ „Коле Канински“.


Забавната програма ја сочинуваа точки од сите активи, со помош на наставниците-ментори вклучени во воспитно-образовниот процес, но и со голема поддршка од родителите. На сцената продефилираа околу 250 ученици со своите наставници, со кореографија, драматизација, музички точки.


За оваа пригода, големата сала на Центарот за култура беше  мала, поканетите гости, сите пријатели и поддржувачи, роднини, добронамерници го исполнија  и последното место, на особена радост на  организаторите, а директорот Никола Пискачев даде ветување дека в година ќе се направи напор и за оние кои останаа надвор и не беа  во можност да ја следат програмата дека ќе се направи уште поголема манифестација, затоа што учениците го заслужуваат тоа.


Ќе следуваат состаноци со сите помагатели на училиштето, доделување на благодарници за нивната досегашна поддршка и помош, но и благодарност за препознавањето на квалитетот кој се гради низ годините и заедничкото инвестирање во истиот.

311869047 582033020387677 3389100829706157930 n

309542251 514073593654524 4925159513012275024 n

311601124 582032970387682 5871361559352930757 n

311740845 582044073719905 2806684262878730475 n

311869047 582033020387677 3389100829706157930 n

312219772 1100747037470371 187212359600541155 n

313012824 2078549925670118 4598381220554305622 n

 

313199219 633671504859119 1777504272312856438 n

313204009 851879469571082 5390702998066120310 n

313210101 1054116441911992 9188212453994279761 n

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани