2win800x200

Јавна дискусија како да се поддржат локалните бизниси од областа на туризмот во Битола

Октомври 31, 2022

Битола има голем туристички потенцијал, но недоволно искористен, истакнаа туристичките работници на јавната дискусија „Поддршка на локалниот бизнис за развој на туризмот„ во организација на МКЦ-Битола. Според нив, Битола има одлична позиција поради близината на Пелистер, Грција, Мариово, има антички град, стари градби, богата историја и културни настани, но не се целосно искористени. Недостигаат сегрегирани платформи за да се знае која е точната понуда на градот, подобрена инфраструктура на влезовите од Битола, како и на пристапот до Пелистер, туристички содржини на планината, создавање на одделение во Општината кое ќе им помага во промоцијата на туристичката понуда, но и ќе ги обучи како да привлечат странски пари за домашни туристички проекти.

313285917 472511784715662 8425493579293374495 n

„Потребно е подобрување на инфраструктурата која ни е болна точка, не само на Битола, туку и на Македонија. Градот има неизмерен, а и неискористен потенцијал во однос на планината. Национален парк имаме, а немаме скоро никакви содржини. Се е на грбот на индивидуалци. Има многу место за работа и со соработка на сите страни може да се направи една убава приказна зашто индустријата ни е таа што е, земјоделството има потенцијал, но не се користи, па туризмот може многу да придонесе“, рече Филип Стојчевски, сопственик на еден од водешките угостителски бизниси во Битола и пошироко.

Битолскиот Регион нема море, термално води, ни Афелова, ни Крива кула, но има природа која овозможува уникатни доживувања, нагласи Никола Јошевски, основач на туритка агенција од Битола. Тој смета дека на влезовите од градот треба да има реклами со туристичките понуди.

„Сум шетал на многу места кои не се ни половина од она што се нуди тука, на пример сафари во Мариово и на кањоните по реката во Зовиќ. Оваа година имало околу 2500 туристи кои го искусиле сафарито. Можеме да развиваме и транзитен туризам , можеби и не ни требаат туристи кои ќе спијат 7 или 10 дена тука ако само 5 проценти од овие 30 милиони луѓе што одат на кај Грција пореноќат една вечер во Битола. Треба угостителските работници да ги тргниме ситните индивидуални интереси и сите заедно да се заложиме да направиме едно заедничко добро во градот“, рече Јошевски.

Сашо Додовски од МКЦ нагласи дека важно е да се инвестира во паметниот или смарт туризмот што има огромен замаф во ЕУ, а тие спроведуваат токму такви проекти во регионот на Битола и Корча.

„ Да се инвестира во паметниот или смарт туризмот што има огромен замаф во ЕУ. МКЦ Битола работи на еден таков проект со прекугранична соработка каде што во однос на паметниот туризам е за првпат направено во ова подрачје на реонот на Битола- Корча. Проектот Смарт кул тур го реализиравме преку ИПА програмата, а преку партиципативен и консултативен процес во соработка со ЈК Тарвел се развиени 5 уникатни туристички понуди за групен и индивидуален туризам во Пелагонија и Корча. Продолжението на овој проект е „Смарт фор ју ту“, кој се реализира од минатиот месец преку пакет на активности за јавнење на капацитетите , менторство и поврезување на бизниси што имаат потенцијал да оперираат како туристички оператори за да се зголеми туристичката понуда во Пелагонија и Корча“, рече Додовски.

-Тема е многу погодна од аспект на спротивставување на негативните демографски трендови и можност за насочување на младите да работата во област која не била многу застапена, а тоа е преттпиемништвото во областа на туризмот. Земјите во регионот покажуваат дека претприемништвото во турзмот носи ограмни резултати и нови работни места-, додаде Додовски.

Тој му предложи на градоначалникот Тони Коњановски заедно да направат апликација за Битола да биде европска престолниа на паметниот или таканаречен смарт туризам за 2025 година.

Коњановски рече дека како Општина остануваат отворени за сите идеи од туристичкиот сектор.

„ Верувам дека нашиот придонес кон развојот на културниот туризам, поддршката на Националниот парк Пелистер како и повеќе инфраструктурни проекти кои ги имплементираме како локална самоуправа, а кои се дел од програмата ќе бидат значаен бенефит и за локалните бизниси за развојот на туризмот во Битола. Посетителите се воодушевени, но ние треба да направиме многу повеќе да ги задржиме не само на еднодневна прошетка низ градот, туку да ни останат подолго. Сите заедно да направиме еден концепт локално да си се погрижиме градот да го презентираме во најдобро светло“, рече Коњановски.

Јавната дискусија беше во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништвото, но и 12 по ред и традиционално се одржува како дел од активностите за 4 Ноември.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани