2win800x200

И Оливера Наковска Бикова е добитник на 4 ноемвриската награда за едногодишно достигнување за 2022 година

Ноември 03, 2022
Оливера со нејзината ќерка Викторија Бикова Оливера со нејзината ќерка Викторија Бикова

Оливера Наковска Бикова е добитник на наградата за едногодишно досигнување за 2022 година што ја доделува Општина Битола по повод празникот на градот. 

Нашата Оливера на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол во Норвешка, годинава освои златен медал.

Таа е добитник на бројни светски награди и признанија. 

Во 2001 г. во Данска станува првак на Европа во гаѓање со воздушен пиштол (златен медал). На Светското првенство одржано во Сеул, со 562 круга, Наковска станува најдобра во тричлениот состав кој го освои сребрениот медал. Наковска учествува и на Параолимпијадата во Атина во 2004 г., каде го освојува шестото место на натрпеварот со воздушен пиштол. На Светското првенство во Сарганс, Швајцарија, за само 0,1 круг не го освојува златниот медал, додека на Европскиот куп во Падова е прва со израмнет светски рекорд. Сето ова ѝ го носи првото место на светската ранг-листа во дисциплината воздушен пиштол. На Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во Загреб (2010), во дисциплината воздушен пиштол - жени, Оливера Наковска-Бикова во конкуренција од 26 натпреварувачки го освојува 3. место и бронзениот медал со резултат од 462, 4 круга (366 во основен дел). Со тоа обезбедува настап на Параолимписките игри во Лондон, во 2012 г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани