2win800x200

Нашата Оливера е светска шампионка во дисциплината “Пиштол слободен избор 25 метри”

Ноември 14, 2022
Нашата Оливера Наковска Бикова е светска шампионка во дисциплината “Пиштол слободен избор 25 метри” на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет кое се одржува во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати. 
Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 кругови со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финалето. 
Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција 
Честитки за Оливера , предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски за големиот успех.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани