2win800x200

Саем за вработување, стипендии и практиканство на Техничкиот факултет во Битола

Декември 14, 2022

Практиканството е најголемиот проблем генерално на сите факултети зашто се̍ помалку пракса гледаме, па саемите каде се вклучени студенти и фирми им се дава можности за парктична работа, а потоа и вработување, рече Никола Гачевски, претседател на факултетското студентско собрание на Технички факултет. На Саемот за вработување, практиканство и стипендии кој се одржа на Техничкиот факултет во Битола над 20 компании ја презентираа својата дејност, а и студентите имаа можност да се претстават пред потенцијалните работодавачи.

„Се̍ повеќе се побаруваат инженерски кадри, се̍ повеќе се отвораат компании, се̍ помалку имаме студенти од техничките науки невработени“, рече Гачевски.

Ректорот Игор Неделковски изјави дека досега бирократијата малку го забавувала процесот на практиканство, па затоа формираат работно тело кое ќе направи пакет „Отворена врата“ за фирмите да можат да доаѓаат и да се вклучат во наставата, а и студентите да одат во компаниите.

Декнот на Техничкиот факултет Митко Костов рече дека како општество допрва ќе се соочиме со недостиг на висококвалификуван кадар од областа на техничките науки кој ќе треба да ги воведе нивите технологии во практична примена.

„Па, мораме да се бориме за да го создадеме и зачуваме тој кадар“, рече Костов.

Меѓу фирмите излагачи на саемот беше и РЕК „Битола“, компанија која обезбедува и стипендија за најдобрите студенти на Техничкиот факултет.

„Студентиет од Техничкиот факултет редовно доаѓаат на пракса во РЕК. Има добра структура на инженери и можат да науат нешто повеќе. Се надеваме дека ќе се отворат повеќе вратите за примање на нови луѓе сега со Топлификација, се направи нова фимрма за дистрибуција на топлинска енергија, со тоа се отвораат нови работни места, па се обидуваме овие квалитетни млади кадри да најдат работа тука во местото каде живеат“, рече Драган Видановски, директор во Рудници во РЕК.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани