2win800x200

Талевски-Нискоградба во континуирана ликвидност, работа без кредитно задолжување и без зголемување на сметките

Јуни 08, 2023

 

Првиот човек на ЈКП Нискоградба Зоран Талевски денеска излезе на терен кај новиот парк што се гради во областа Довлеџик каде веќе се поставени и поплочени патеките, а е бетонирана и подлогата каде што треба да се постават дел од реквизитите за детскиот парк. Талевски најавува дека за еден месец ЈКП Нискоградба ќе ги заврши свои обврски на локацијата и ќе остави простор да делуваат и другите ЈП од Битола вклучени во изведбата на паркот.  

Нема достапен опис.

Ви пренесува интегрален текст од прес конференцијата на Талевски 

Транспарентното, отчетно и посветено работење, се главните карактеристики на функционирањето на КЈП Нискоградба во досегашниот период.

Ваквиот начин на работа во изминатиот период, откако раководам со претпријатието, придонесе за континуирана ликвидност, работа без кредитно задолжување и без зголемување на сметките, односно на трошоците за граѓаните.

На овој начин, продолжуваме и оваа градежна сезона, целосно во служба на граѓаните на општина Битола, во сите области кои се во надлежност на претпријатието, согласно условите и можностите за реализација, на чие подобрување, работиме во континуитет.

Во делот на подобрување на возниот парк со соодветна механизација, годинава со донацијата од општина Битола во износ од 450.000 денари набавена е машината за чистење на канализациони приклучоци, а завршена е и постапката за набавка на камион во износ од 12.000.000 денари, од кои половина од средствата се од министерството за локална самоуправа, а другата половина, се сопствени средства на претпријатието, без никакви задолжувања.

Од моето назначување платата на вработените во два наврати е зголемена во бруто износ од околу 7.000 денари, за што на годишно ниво, претпријатието издвојува износ од околу 12.000.000 денари, од кои 7.000.000 во 2022 и 5.000 .000.во 2023год.

Нема достапен опис.

Работните активности продолжуваат со зголемен интензитет, за што со општина Битола имаме склучено договори во износ од околу 70.000.000 денари, меѓу кои како позначајни ги издвојувам:

-Реконструкција на мешовита канализација на улици во нас.Недопирливи, улица Солунска втора фаза,улиците Зборска, Драгорска, како и во селото Трново

- Додека се реализира динамичната инфраструктурна програма на општината, таму каде што е неопходно делување, продолжуваме со санација и изведба на сливници и решетки,санација на ударни дупки, како и вградување на гребен асфалт на улици во 19 села на територијата на поранешна општина Бистрица.

-Продолжуваме со работа на Паркот во Нова Битола, чистење на коритото на река Драгор и секако со навремена подготвеност за периодот кога ќе биде потребно делување на зимската служба.

Нема достапен опис.

КЈП Нискоградба и во понатамошниот период одговорно и во служба на граѓаните ќе работи на исполнување на предвидената програма, со цел создавање подобри услови во сите населени места и за сите жители на нашата општина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани