2win800x200

Мeрт Рустемов освои нови награди со својот кларинет

Јуни 20, 2023
Мерт е втор од лево Мерт е втор од лево

12-годишниот битолчанец Мерт Рустемов продолжува да нижи успеси со својот кларинет. Тој денеовиве доби прва награда на фестивалот „Охридски бисери“ во конкуренција од повеќе успешни и млади музички таленти. Вака одлучи интернационално жири кое го вреднуваше постигнатиот успех на учесниците на фестивалот. Покрај оваа нагарда, Мерт доби и сепцијална за учество на македонскиот класичен музички фестивал „Златна лира“.

„Љубовта, волјата, мотивацијата и љубопитноста на секој предизвик што го гледам пред мене и пред патот што го избрав да го изодам додека имам здив, желба, љубов, ме поттикна да се пријавам на престижниот фестивал ‘Охридски бисери’. Искажувам благодараност за поддршката од моите наставници, како во Нижото музичко училиште, така и во ОУ ‘Даме Груев’, особено до мојата класана Лидија Вишин за несебичната поддршка, а со цела почит и годрост испраќам пофалби и до мојот идол, професорот по клаинет Спире Јовановски, кој целосно со максимални можности се труди да бидат што е можно подобар и да се движам кон патот на професионаланите кларинетисти“, рече Мерт.

Тој е петто одделение во Нижото музичко училиште во Битола, а шесто во ОУ „Даме Груев“.

Неговите родители Рамадан и Алмира велат дека кај нивниот син од мали нозе ја воочиле љубовта кон музиката, па го запишале во Нижото музичко училиште. Таму Мерт самиот избрал да свири кларинет.

„Мерт е многу талентирано момче. Од мали нозе сакаше да биде фудбалер, па тренираше во битолскиот фудбалски клуб ‘Талент 2010’, на два натпревари, едниот во Прилеп , а другиот во Грција стави и голови, притоа носејќи ја и победата во Прилеп. Потоа забележавме дека го привлекува уметноста, посебно музиката, а неговата посветеност се гледа и преку наградите што ги освојува“, велат родителите.

Лани беше прв на државниот натпревар, а пред тоа доби и улога во филм која се состоеше да води куче кое имаше посебни задачи, па добро се снајде и во глумата. Како младо момче има многу соништа, а очигледно дека овој млад уметник е талентиран за многу области.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани