2win800x200

Започна „Битола отворен град“- турбо инјекција со урбана култура

Јуни 21, 2023

Со уметничка интервенција врз ѕидови од јавни простори каде испишаните пароли со говор на омраза се покриваат со графити и цртежи со позитивни пораки, денес започна 22 издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“, кој повеќе од две децении ја слави музиката, уметноста и волонтерството. Оваа уметничката интервенција е наречена „Битолските ѕидови –уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“, а се исцртуваат ѕидови на три локации во училиштата „Таки Даскало“, „Стив Наумов“ и градинката „Пролет“. Младите учесници на фестивалот ги разубавуваат овие јавни простори под менторство на уметници.

мкц

Ангеловска: „Интервенција врз јавни простори и зажовување на нови културни сцени“

„Оваа иницијатива потекна од она што го увидовме дека низ ѕидовите посебено во образованите институции има многу говор на омраза. Решивме да направиме уметнички интервенции врз тие простори, а потоа продолжуваме со интервенција и врз други јавни простори каде има говор на омраза“, рече Маја Ангеловска, програмска менаџерка во МКЦ – Битола.

Овој младински арт фестивал кој ја промовира урбаната култура трае од 21 до 24 јуни во организација на МКЦ Битола, годинава ќе придонесе и за ожувување на простори каде претходно немало културни настапи. На 22 јуни на пешачката зона во Старта чаршија ќе има журка на зајдиосонце со диџеј BERRYQYAT. Потоа пред поранешната Соколна во паркот забава со тројца диџеи BOC.A и AVENSIS од Македонија и JОЕ DIEM од Шпанија.

На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити. Во сабота е големиот музички хепенинг во градскиот парк од 20,30 часот со концерт на Lucent авторски македонски бенд од Битола, Arumbo румба фјужн бенд од Шпанија со членови од Белгија и Италија и Репетирор гаражно рок/пост-панк трио од Белград.

Талевски: „В сабота голем музички хепенингт во Градскиот парк“

„ Музичлки хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Започнува со настап на LUCENT авторски македонски doom rock бенд од Битола со сјани настапи во живо и верни фанови кои ги следат на настапите, има зациментирано своето место како бенд кој држи лекции за моќна музика и звук. Со него ја задржуваме традицијата големиот музички хепенинг да го отвоириме со авторски, македонски бенд со што даваме поддршка на локалната музичка сцена“, рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Следува настап на ARUMBO румба-фјужн бенд од Шпанија со членови од Белгија и Каталонија, со танцувачки песни и мелодии од срце испеани со сепцифичен кадифен женски вокал.

„Ова е посебен предизвик за нас зашто после подолго време излегуваме од балканските рамки и нивното гостување е резултат на партнерствата што ги имаме направено со учество во неколку европски музички сцени. За првпат настапуваат во Македонија“, додаде Талевски.

Третиот бенд на музичкиот хепенинг е REPETITOR гаражно рок/пост-панк трио од Белград, Србија, кои се несомнено еден од најистакнатите бендови од Балканот. Тоа е моќна ритам секцијата составена од девојки кои преку својот настап испраќаат силни пораки кон публиката.

Ова ќе биде одлична комбинација на бендови за потполно уживање во урбаниот звук.

Додовски: „Времето покажа дека ова е еден од најдолготрајните фестивали во земјава и градот“

Директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски, рече дека времето покажа оти ова е еден од најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски извори или се само делумно потпомогнати од нив што во транзициски времиња е навистина тешко да се оствари и издржи.

„Битола Отворен Град ја одразува посветеноста на фестивалот за поттикнување на позитивна и инклузивна средина за сите, продолжувајќи ја мисијата да обединува локални и меѓународни таленти, поттикнувајќи меѓукултурна размена и промовирајќи го културниот дух на Битола“, рече Додовски.

Сите настани се бесплатни, а волонтерите се движечка сила на фестивалот. 

351718028 756489479553241 5860751963991013651 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани