2win800x200

Термоблоковите во РЕК влегоа во ремонт, Комбинатот се подготвува за следната грејна сезона

Јуни 22, 2023

РЕК се подготвува за новата грејна сезона. Производството на струја во првите шест месеци е 102 проценти од планираното, а тоа е за 45 проценти повеќе во споредба со периодот од пред две години. На депонија има над 300.000 тони јаглен. Во тек е ремонт на првиот блок што ќе трае 45 дена , а потоа ќе следува ремонт на вториот блок.

-Во тек е ремонтот на првиот блок, започна на 12 овој месец, ќе трае 40 дена, планирано е да се пушти околу 20 јули. Најголем акцент ќе се стави на котелот, бидејќи со него има најмногу проблеми, а блокот се исклучува од тие причини. Потоа почнува на втори блок, ќе има кус преклоп, што значи десетина дена двата блока ќе бидат исклучени истовремено. Овој ремонт ќе трае 60 дена, а вториот блок ќе го вклучиме на 5 септември. Заедно со негата што е направена на третиот блок, зимската сезона да ја дочекаме со сит три блока да бидат подготвени за работа, рече Александар Пасков, директор на Термоелектрани.

Но, и најголемиот производител на струја во државаат се соочува со сериозен недостиг на стручен кадар. За само неколку години бројот на вработни во РЕК Битола се намали за една четвртина, а интересот за работа во најголемиот производител на електрична енергија во државата постојано опаѓа. Ниту просечната плата во Комбинатот од речиси 50 илјади денари не е предизвик за новите генерации. Од 2700 во 2018 сега има 2000 вработени, а најмногу недостига квалификуван кадар, со средна стручна подготовка, кој веќе не можае да се најдат на пазрот на трудот. Недостига и инженерски кадар, кој дел заминува во странство, а дел во приватниот сектор. Од РЕК велат дека се прават напори да се мотивираат и средношколците и студентите.

-Пред неколку години тука работеа 2.700 работници, а опслужуваа еден рудник и термоелектрана. Моментално работиме со 2.080 постојани вработувања и 400 агенциски во два рудници и термоелектрана. Тоа е показател дека имаме недостиг на стручна работна сила од стручните училишта. Ги немаме вториот и третиот степен во образованието, а се јавува и дефицит во инженерски кадар. Имаме проблем зашто наши вработени со средно и високо образование заминуваат во други фирми зашто ги немаме високите плати што таму им се нудат.Тоа е сериозен проблем и треба да се работи на надминување на тоа“, вели Пеце Матевски, генерален директор на РЕК Битола. Комбинатот за да ги мотивира младите да се запишат во техничките стручни училишта и инженерски факултети особено се вложува во поддршката на дуалното образование.

„РЕК ги отвора вратите за сите средношколци да започнат да изведуваат стручна настава, а наше стручно лице ќе им помогне. Ова е еден пример сите заедно да се избориме за нашите ученици да ги стекнат потребните стручни знаења и во иднина да работат во нашиот комбинат”, рече Матевски.

Гоце Тодоровски, специјалист по електроенергетика од РЕК, е првиот сертифициран ментор во комбинатот за пракса на ученици опфатени со дуално образование.

„Дуалното образование е учење преку работа, зголемен број часови на пракса. Праксата и теоријата кога ќе се спојат резултатот е голем. Се надевам дека комбинатот ќе има бенефит од ваквите активности. Јас и порано работев со ученици, но сертификатот ми дава поголема одговорност да им ги пренесам знаењата и стекнатите вештини”, рече Тодоровски.

За поефикасен ископ на јаглен во рудниците се поместува јагленовиот систем за првпат по три децении. На депонија има над 300 илјади тони јаглен, но првите луѓе на комбинатот потенцираат дека веќе не се добива истиот квалитет како порано, што создава проблеми.

– Јагленото што го копаме во подинските серии не е истиот од пред 30 години, сега овој јаглен има 30 проценти пепел. Се соочуваме со сериозни проблеми, но со тимот и работниците успеваме да имаме стабилно производство, вели директорот Матевски.

РЕК Битола, иако влезе во петтата деценија, останува најголемиот производител и стожер на електроенергетскиотосистем во државата

355915857 108244338981442 9217269868122513392 n

355796935 653288810022766 5506329925481338234 n

355655423 673603081446291 2395888142756978676 n

352441647 969502421060650 225210701835827969 n

352440717 1991892187828337 7148549338257737124 n

352297656 801469785029830 2478157580258472955 n

352200904 588819373385687 5233094904931420746 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани