2win800x200

Не се сомневаме во лекарска грешка, докторите направија се што можеа, вели мајката на мртвороденото бебе

Јули 17, 2023

Не се сомневаме во лекарска грешка, докторите направија се̍ што е во нивна можност, имав многу плодова вода и тоа беше проблемот што бебето се роди мртво, вели во телефонски разговор Сара Керимова, мајка на бебето што вечера вечер се роди мртво на Одделението за гинекологија во Битолската клиничка болница.

„Првите седум месеци од бременоста бев во Во Германија каде бев на лекар, но немаше проблем. Потоа ме вратија од Германија во Македонија. Во Битола два пати бев на матичен гинеколог. Првиот пат немаше никаков проблем, вториот гинекологот само што ме прегледа, рече дека има многу плодова вода и веднаш ме упати на болница. Бев влезена во девети месец и на болница веднаш ми направија царски рез, но детете беше починато. Не се сомневаме на лекарска грешка“, рече Керимова.

Таа во првите месеци од бременоста беше азилант во Геманија, а тука се врати во седмиот месец. Ова ѝ беша четврта бременост. На истиот начин пред три години го изгубила и третото бебе, а првите две деца ѝ се живи.

Сепак, од Министерството за здравство најавија дека ќе има вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола за случјаот со мртвороденото бебе.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани