2win800x200

Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во СВР Битола и ГП „Меџитлија“

Август 01, 2023
Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во СВР Битола и ГП „Меџитлија“: намален криминалитет за 26%, ефикасност на расчистување на кривичните дела од 43%, зголемување на протокот на патници за 60%
 
Денеска (01.08.2023) во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност остварија работна посета на СВР Битола и Граничниот премин „Меџитлија“, при што беше реализирана работна средба со раководството на овој сектор за внатрешни работи, но и граничниот премин кој е дел од РЦ„Југ“.
За време на средбата, раководството на СВР Битола го брифираше директорот Тасевски дека во текот на првото полугодие од 2023 вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола бележи намалување за 26%, споредбено со истиот период лани, а вкупната ефикасност на расчистување на кривичните дела изнесува 43%, што претставува зголемување за 8% споредбено со минатата година. Само во Битола бројот на евидентирани кривични дела бележи намалување за 51%, а ефикасноста е 47%, додека на подрачјето на целиот Сектор за внатрешни работи, вклучувајќи ги одделенијата во Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, намалувањето на кривичните дела е за 30% со ефикасност во расчистувањето од 43%.
Можно е да е слика од 8 луѓе, маса и виолина
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани