2win800x200

Маската што актерот Тони Наумовски ја носи во „Лена и Владимир“ создава температура повисока за 10 степени- филмот вечерва го затвора „Браќа Манаки“

Септември 29, 2023

Покрај бајковиот свет кој е прикажан во македонскиот филм „Лена и Владимир“ со кој вечерва се затвора фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола“, претставени се и горливи проблеми од  општествено милје како нефункционални домови за сираци, корумпирани службеници, директори митаџии...Главниот женски лик Лена, кој го игра младата и амбициозна Сара Климоска, е дете кое родителите го оставиле уште во пелени. Расте во дом за сираци сексуално злоставувана од врсници, доктори, управникот на Домот и други лица на функции. Таа бега од домот, а од сивилото на животот ја спасува Владимир, кого го игра извонредниот Тони Наумовски, прикажан како самотник кој живее во магичен дел од шумата каде владее вечна пролет. Пред девет години ги изгубил жената и ќерката која би била на возраст колку Лена, во пожар предизвикан од плинска боца, од што унказано е и неговото лице. Тие со Лена градат посебна врска, таа се вљубува во него, а тој се однесува татковски. На крај ја спасува од макроата кои го убиваат него, а нив пак ги докрајчуваат група повозрасни жители од заборавеното село.

манаки

На прашањето на дали тоа значи дека народот ја презема правдата во свои раце и им пресудува на лошите, продуцентот Дејан Илиев рече дека таа сцена е критика на состојбните во државата.

„Кога старци треба да ги решаваат проблемите во државата, тешко на таа држава“, рече Илиев на денешната прес конференција одржана на фестивалот во Битола.

Инаку филмот е снимен по дело на Александар Русјаков, дејството наликува на бајаката „Убавицата и ѕверот“, но нема врска со неа. Владимир наликува на ѕверот од приказната со изгорениците на лицето, на Франкештајн по облеката, но на пролет по добрината во срцето, па затоа и неговиот дел од шумата е топол кога секаде има снег. За да го долови ликот носеше комплицирана маска на лицето која создаваше за 10 степени повисока температура.

„Маската се ставаше околу 4 часа секој ден. Снимавме по 12 саати, значи ангажиран бев 16 саати секој ден. Под таа маска темератрурата на телото достигнува 10 степени плус. Ние снимавме во јули, а јас претходно за да се подготвам физички дека ќе снимам на плус 40 степени, во Њујорк, каде подолго време живеам, почнав да возам велосипед со зимска опрема на жешки деноиви. Тоа ми помогна. Маската го ограничуваше изразот на лицете и на говорот. Малку кажував, но зато се појави магија во мојот внатрешен свет што се покажа преку тонот на гласот“, рече Наумовски.

toni naumovski

Режисерот Игор Алексов рече дека искористиле 30 маски и ако не бил Наумовски, никој друг актер немло да го издржи тоа. Наумовски за актерката Климоска рече дека иако не носела маска свтела и во филмот и во македонската кименатографија.

„Кога почнавме снимаме тоа беше моја прва главна улога во филм и влегов доста интуитивно за ликот да биде што пореален“, рече актерката.

манаки2

Кинематограферот Душан Кардалевски рече дека оваа приказна е магичен реализам, па корител различни типови на објективи за да се прикаже различните светови на Лена, Владимир и на селаните. Филмот се работеше долго време , од 2018 година, а по „Браќа Манаки“ своја примиера ќе има на 19 октомври во Скопје.

„И ние сме мајстори исто толку колку што се и филмаџиите во Америка, само цифрата која го одредува буџетот е различна. На масата седам со мајстори кои се магепсници и создаваат волшепство во сите сегменти во кои работат“, рече Наумовски.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани