2win800x200

СН Групацијата чекори напред – на голем корпоративен настан во Охрид потврдени извонредните резултати од деловното работење

Октомври 10, 2023

Вработените во СН Групацијата викендов се собраа во Охрид на голем корпоративен настан кој вклучи конференција и тимбилдинг активности.

На конференцијата беше соопштено дека непосредно пред одржувањето на тимбилдингот, СН Осигурителен Брокер се закити со уште едно престижно признание како Бизнис лидер во Македонија за 2022 година.

Нема достапен опис.

Ова признание е доказ за посветеностa да испорачаме исклучителни услуги и решенија за нашите клиенти, беше речено на конференцијата. Но, ова признание, и уште голем број други кои сме ги добиле низ сите изминати години, се показател како се работи во СН Групацијата – во СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство, предводено од уште поголемата визија на основачите - Претседателот на Одборот на директори Христо Кондовски и Првиот Главен извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски.

Нема достапен опис.

На конференцијата во Охрид, пред вработените во сите компании кои се дел од СН Групацијата, Претседателот на Одборот на директори Кондовски ги изложи извонредните резултати од работењето на групацијата и ја сподели визијата каде чекори СН Групацијата понатаму. Таа визија ги вклучува колективните напори на сите 252 вработени во групацијата преку низ целата држава раширена мрежа која секој ден поставува нови стандарди во работењето, на задоволство и на вработените и на клиентите.

Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси ги презентираше идните чекори кои уште повеќе треба да го зајакнат тимот на СН Групацијата.

Нашата успешна приказна е плод на нашата тимска работа, на односите кои се стремиме се повеќе да ги зајакнеме и да градиме уште поголеми успеси. Затоа што тимот што е сплотен и обединет е поефективен, попродуктивен и поуспешен!

Токму како круна на таа успешност потврдена со извонредните резултати во деловното работење, тимот на СН Груцијата викендов уживаше во дводневно дружење во преубавиот Охрид полнејќи се со нова енергија за нови успеси.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани