2win800x200

Оваа награда е за мајка ми, рече Илина Чоревска добитничка на наградата за најдобра женска улoга на фестивалот „Стоби“ во Велес

Октомври 16, 2023

Битолската актерка Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улига на 20 Фестивалот на античка драма Стоби во Велес за улогата Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Н.У. Народен Театар Битола. Вака едногласно одлучи жири комисијата на фестивалот во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург.

„Неизмерно сум среќна што во градот на моите претци, на мојот дедо ја добивам оваа награда, јас сум потомок на Трајко Чоревски. Претходната награда Војдан Чернодрински ја добив во градот на мојот друг дел од семејството, еве некако го заокружувам тој пат.Благодарна сум на фестивалот што нашата претстава се одигра на јубилејното издание на фестивалот, благодарна сум на жирито што ја додели наградата која ќе ја носам длабоко во мене во срцето и ќе ме поттикне понатаму да работам уште повеќе и уште подетално. Им благгодарам на Себастијан и Милан што ми ја дадоа шансата јас да бидам таа нова Медеја која ќе го одбележи годинешниот фестивал, им благодарам на мојот театар и директорот Иван Јерчиќ кои ни оставаат простор да бидеме автентични и свои и да градиме улоги како што е мојата Медеја. Им благодарам на сите мои колеги кои ме поддржуваат, но и на оние кои не ме поддржуваат заради тоа што правењето на една улога доаѓа од различни правци. Оваа награда е за мајка ми со која поминавме една пеколна година“, рече Чорвска.

lina

 Исто така специјална награда за оригинално драматуршко толкување и авторство се додели на Билјана Крајчевска за “Жени во собрание”, режија на Ќендрим Ријани, продукција на Театар Комедија. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани