2win800x200

Македонија што е можно побрзо да влезе во ЕУ, побараа професори од Битола

Октомври 17, 2023

Во времиња кога стабилноста во Европа е сериозно загрозена од повеќе страни, најсигурниот начин за стабилизација на Регионот е токму целосна интеграција на државите од Западен Балкан во ЕУ, побараа перофесори и други експерти за европски прашања учесници на  Катедра „Аденауер 2023“ што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски во Битола“. Тие се осврнаа на војната во Украина, инцидентите во Косово и терористичкиот напад во Брисел. 

„Самата ЕУ има нарушен кредибилитет на Балкан затоа што сите оние критериуми што беа потребни за членство на државите од Централна и Источна Европа во минатото, нашите држави веќе одамна ги исполнија, а не се членки на Унијата.  Нашата задача останува да се трудиме да го подобриме нашето општество, да ги европеизираме сите стандарди во повеќе области и на тој начин да успееме да го скратиме времетраењето на преговорите за ЕУ“, рече Васко Наумовски, екс заменик претседател на Владата за европски прашања и поранешен амбасадор во САД.

Запрашан дали доколку Македонија не ги направи  уставните измени, сама ќе си стави вето, Наумовски одговори дека критериумите за членство се јасно поставени уште пред повеќе години и според нив најважно за Македонија е да постигне напредок во политичките, економските критериуми и во усогласувањето со законодавство.

„Сите останати чекори треба да бидат резултат на еден широк политички консензус и во таа насока доколку се најде заеднички јазик помеѓу политичките партии и општествени фактори би можело да се дојде до некакви решение“, додаде тој.

Професорот Горан Илиќ, проректор на наука на Битолскиот универзитет, како еден од панелистите на трибината изјави дека ЕУ пропушти многу шанси до сега да го интегрира целокупниот Западен Балкан во нејзината структура што е голем пропуст и грешка за неа, а има негативни импликации врз државите од Регионот.

„Сега не смее да се дозволи да се одолговлекува интеграција на Западен Балкан, ниту на Македонија и тоа треба да се случи што е можни побрзо бидејќи сега тоа го бараат и геополитички околности бидејќи мораме да сфатиме дека и ЕУ и  проширувањето во претставуваат продукт на  геополитика, а не само бирократија и административни процедури. Сите такви админидтративни постапки за зачленување на Западен Балкан треба што побрзо да финишираат  и државите овде, особено Македонија да стане што е можно побрзо членка на Унијата бидејќи на таков начин  тааќе доживее и безбедносна и институционална стабилизација. На потег е ЕУ“, рече Илиќ.  

Директор на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браон, запрашан дели покрај Украина, Газа, Балканот може да биде ново жариште одговори  дека е сосема запознат со ситуацијата во Митровица на Косово и дека тоа е можно.

„Но, се надеваме само на локално ниво и најмногу поради тоа што двете страни се свесни дека тоа е чекор назад и дека во моменталната глобална ситуација тоа е тотално непожелно. Се надевам дека ќе имаме можности да го менаџирање тоа“, рече Браон.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани