2win800x200

На 30- годишнината хотелот „Молика“ темелно се реновира

Октомври 27, 2023

„Хотел Молика се реновира темелно, како што никогаш досега во 30 години постоење не се случило. Со поддршка на АД ЕСМ и Управниот одбор, започнавме инвестиции со кои ќе го разубавиме хотелот.

Веќе неколку недели во тек е реновирање на собите. Одиме фазно, по вертикали. Се менува дограмата, комплетно се реновираат купатилата, се поставуваат нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под.

Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови.

395505464 24434396829507904 7487060801351253643 n

Во тек се активности за реконструкција и на таканаречената летна тераса. Се поставува таванска изолација, а ќе се гради и камин кој во зимските месеци ќе придонесе за уште попријатен амбиент во хотелот. Во лоби барот гарнитурите се веќе сменети.

Паралелно, како што се работи внатре во хотелот, се работи и надвор, на фасадата. Ќе се замени ламперијатаи ќе се реконстуира останатата површина од фасадата.

Во тек е постапка за изградба на систем за осветлување на ски стазата Копанки. Во завршна фаза е изборот на изведувач.

Најголемиот предизвик кој сакаме да го реализираме и со тоа да внесиме нова содржина за нашите гости е подготовка на проект за изградба на спа центар.

Сите овие проекти што ги споменав и многу други што ги реализиравме во овој краток период беа споменувани во минатото, ама еве сега дојде моментот да се направат. Молика ќе oдбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран како што доликува на овој омилен хотел на битолчани и на многу гости од Македонија и од странство“, рече директорот на ЕСМ Молика, Миле Велјановски.

394003280 1024309158909300 6639143382418975829 n

395404478 1495117821311582 5643994366596026367 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани