2win800x200

Сите прават чекори, но важно е какви траги оставаат, рече лауреатот Миновски, а Камерниот оркестар одржа концерт за паметење

Ноември 04, 2023

„Возбуден сум иако во текот на мојот живот имам добиено бројни признанија и награди. Ова што вечерва ми се случува никогаш нема да го заборавм додека сум жив. Сите во животот правиме чекоро, кој поголеми, кој помали, во различни чевли, но, најважно е какви траги ќе оставиме зад себе. Најбитното. Јас претпоставувам дека во тоа што го направива во животот оставив некакви траги. И посакувам особено моите колеги , помлади колеги, да не се откажат од намерата еден ден да седнат и да пишуваат. А тоа важи и за сите струки“, порача Димче Миновски, добитник на наградата за животно дело „4 Ноември“.

370312971 1022100089062222 7742246484422294479 n

Миновски: Им посакувам на моите колеги новинари да пишуваат

Миновски е норвинар, писател, општественик и хроничар на Битола, а наградат ја доби поради големото достигнување од областа на новинарството, повеќе од 30 години е дописник на повеќе новинарски куќи пишувајќи за спортот, историјата на спортот, вршејќи преку 3000 преноси во живо од спортски натпревари и е автор на повеќе од 200 емисии посветени на Битола.

Награди за едногодишно остраување добија Д-р Јован Стефановски, научен работник, самостоен истражувач, со научни достигнувања во инженрската област на информатиката и системи за управување, трудови објавени во надобрите светски признанија во областа на автоматиката и 17 трудови во други списанија.        Понатаму, Здружение на пијанисти и музички педагози „Пијано Битола“ кое го подига нивото на муизичка култура и нов начин на едукација на млади таленти, со остварени безброј успешнио настани како што се музичкиот маратон, семинари и меѓународни напревати по пијано и други активности. Гордана Петров Такец писателка и поет за книжевно креативна работа, автор на романи, зборници, рецензии. Фанче Јошевска, писател, настваник, обучувач, со достигнувања во областа на образованието, кадровскиот менаџмент и литературата, објавени книги, стручна литература, прирачници за обука на директори во училишта, есеи, стручни критики, рецензии, трудови во научни списанијаа, а најновоато објавно дело, романтот „Мирисот на дивите костени“ го слика животот на градот. Награда за едногодишно остварување доби и Народниот театар од Битола за кој беше кажано дека е најдобар театар во Македонија и регионот. Од 1944 година до ненес одржале над 570 премиерни изведби, извеле повеќе од 15 000 претстави кои ги гледале близу 5 милиони вљубеници во театарот.

370082180 324521760190300 4241828557908501963 n

 

370241627 663704235746535 2019402292967802 n

375769208 7496585920368686 7720149113489738342 n

369536507 301625032768340 1526349622487203917 n

369447846 283232614689288 4372319903473330489 n

Јерчиќ со порака за мир во светот

Во име на едногодишните добитници се обрати Иван Јерќиќ, директор на Народниот театара кој рече : „Нема уметник творец, научник, спортист, занаетчија, лекар, човек на кого наградите не му се важни. Оној кој го вели спротивното најверојатно лаже. Оваа награда е валоризација на нашиот труд, нашата Битола да стане подобро место за живеење, да биде препознатлива дома и надвор, да стои рамо до рамо со многу поразвиените градови во регионот и Европа. За тоа се бореле нашитев предци, на тоа се надевам ќе биде работата и на идните поколенија. Ние резервна опција и град немаме. Оваа награда се доделува на денот кога Битола се ослободи од фашиститчката агресија. Во моментот сме сведоци на слични агресии во светот. Нека времето идно што побрзо донесе мир и децата од териториите зафатени со војна што побрзо се вратат на своите територии“, рече Јерчиќ.

370217112 710030160713456 216864206520980961 n

Коњановски: Породолжуваме со 52 проекти за Битола

Градоначалникот Тони Коњановски како роденденски подарок го најави концертот на Камерниот оркестар кој заедно со хорот БитВокс и изведувачите одржаа концерет на забавна музика кој долго ќе се памети.

371326505 1466330633911875 5462782488935494203 n

„Денес кога градот одбележува 79 години од ослободувањето исправени сме пред нови предизвици кои не смеат да ни го земат споменот на минатото. Не смеме да ги заборавиме историските влијанија кои на Балканот се ширеле токму од Битола, улогата во сите турболентни времиња на војни. Токму ваквите сеќавање биле мотив за граење на иднината. Како локална самоуправа работиме посветено на тоа да ги подобриме условите за живот на сите граѓани“, рече Коњановски кој најави реализација на уште нови 52 проекти, подготвени за реазлизација, од кои 8 се во постапка на јавни набавки.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани