2win800x200

Првите тактилни слики од месинг за слепи лица изработени во Битола

Ноември 16, 2023

 

Дваесет експонати од постојаната музејска поставка на Завод и музеј-Битола, како и  фасади од Широк Сокак се претставени на првите тактилни слики изработени од месинг во  Македонија,  со цел уметноста и архитектурата да им се доближат на слепите и лицата со  оштетен вид.  

„Изложбата е направена во соработка со  двајца уметници- кујунџии од Скопје. Новина е што на секој од месинганите експонати е инсталиран  НФЦ таг кој паметниот телефон лесно  го препознава и води до аудио нарација и видео на знаковен јазик. Месинг е избран за да се долови металот од кој некои артефакти се изработени. Доколку сакате некому да доловите пафта, направете ја од метал. Уметничките слики кои не можат да се направат како копија со платно и со четка, се обидовме со месинг“,   рече Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј- Битола.

 

Messenger creation 3d239c9d 0098 40fa 810f 700a0055b986 Оваа мултисензорна изложба со цел да биде достапна за посетители со различни попречености.   

Messenger creation e30590ee 16f3 44c1 80a9 be8cb325beed

„Постојаната музејска збирка брои преку 2000 предмети, а од нив имаме  изработено видеа на заковен  јазик за лица со проблеми со слух и говор и стотина тактилни слики за оние со оштетен вид.  Се трудиме на тој начин да се подобри пристапот до музејската поставка. Се надевеме дека во  иднина ќе имаме и посебна секција каде слепите лица ќе можат  самостојно да  го доживеат нашиот музеј“, рече  Јове Парговски , еден од изработувачите на сликите и   стручен соработник за документација во Завод и музеј Битола.  

Ж.ЗДРАВКОВСКА 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани