2win800x200

Пензионерите ќе ги добијат дрвата до почетокот на грејната сезона, ветуваат од Здружението на пензионери

Септември 26, 2018

Проблемите со достава на огревното дрво до пензионерите се надминуваат, а деновиве веќе се носат  до сите кои се евиднтирани на списоците и кои платиле, вели новиот претседател на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски, кој вчера ја презеде функцијата.  Од таму потврдија дека нивните заложби се огревното дрво да стигне до пензионерите до почетокот на грејната сезона.

-Во овие два дена постојано доаѓаат пензионери и прашуваат зошто досега не го добиле огревното дрво. Колку што сум запознат од претходниот претседател,  имало проблем со одрдени фимри кои што вршат превоз на огревното дрво за пензионерите , но истот така имало проблем и со сечата. Но,  списоците се направени, а во изминатите неколку дена почнала доставата на огревно дрво, така што ќе се реализира оваа обврска според списокот кој што е изготвен, а заложба на ова раководсто е доставата да заврши на време, односно до почетокот на грејната сезона, изјави новиот претседател на Здружението на пензионери, Томе Димитровски.

Новоот раководство на првата прес конференција го повика членството масовно да излезе на гласање на референдумот в недла.

-Ги повикувам сите пензионри во недела на 30 септември масовно да излезат на реферандумот и да ги остварат своите уствани и законски права за одлучување по рефернедумското прашање, упати апел  Димитровски. 

Запрашан за финансиската состојба во која го затекна Здружението, Димитровски рече дека се уште не е направен увид во работата  на претходното раководство, но, јавноста ќе биде известена за скоро, веднаш штом се согледа ситуацијата.

-Во најскоро време ќе биде разгледано финасиското и материјалното работење од страна на собранието и извршниот одбор и ќе се донесат заклучоци и одлуки на тие седници. Функцијата ја презедов вчера и токму затоа не можам да кажам какква е финансискаа состојба во Здружението на пензионери. Но сметам дека ова Здружение со над 18 илјади членови е во добра кондиција, рече новиот претседтаел

Промената на раководството во битолското Здружение се изврши на 21 септември, откако Централниот регистер на Македонија, донесе решение со кое е извршена промена на досегашниот претседател Томе Илиоски и на негово место запишан е Томе Димитровски, по претходна постапка што ја спроведоа членовите на Здруженито, а вчера, на демократски и коректен начин беше извршено примопредавање на функцијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани