2win800x200

Кавга во Собранието меѓу битолските пратеници Милевски и Илиоски

Ноември 03, 2018

Синоќа на амандманската расправа во врска со ребалансот на Буџетот на Република Македонија на собраниската Комисија за финансирање и буџет се разви  жестока расправа меѓу битолските пратеници Зоран Илиоски и Горан Милевски.

Тензијата порасна на амандманот на пратеникот Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара 1 милијарда денари за набавка на електрични автобуси за Скопје.

На ова жестоко реагираше пратеникот на ЛДП, Милевски кој го потсети својот колега дека доаѓа од Битола , и го праша зошто не побара електрични автобуси за својот роден град.

-Како можете вие како пратеник од Битола да барате електрични автобуси за Скопје?, го праша пратеникот Милевски својот колега Илиоски.

На ова Илиоски му возврати на Милевски дека неговата градоначалничка позајмила крш автобуси кои се застарани и не се безбедни да се возат најмладите сограѓани.

-Вие господине Милевски сте на власт и дозволивте да се срамиме со неодговорно водење на градот. Ниту еден проект не сте реализирале во Битола , кога мислите да работите?, возврати Илиоски.

Расправата продолжи со обвинувања на Милевски дека единствено нешто што направил Илиоски  е тоа што на битолчани им ја поскапе  водата за пиење за 130 проценти додека беше директор на ЈКП „Водовод“ Битола.

-Да и јас реагирам што низ Битола ќе се возат такви дотраени автобуси , но запрашајте се кој е виновен за тоа? Дванаесет години бевте на власт и дозволивте да се набават нови автобуси само за Скопје, а сега дури и од позиција на опозиција повторно барате само за Скопје. Да ве потсетам, вие сте од Битола и ајде заедно да се избориме да направиме нешто добро за нашиот град.  Не можам да поддржам проекти кои се само за Скопје, рече категорично пратеникот на ЛДП Горан Милевски.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани