2win800x200

Дирекцијата за заштита и спасување спаси четири завеани лица во битолско

Ноември 19, 2018

На интернет страницата на Дирекцијата за заштита и спасување објавена е вест дека вчера во 00.30 часот во Дирекцијата во Битола од СВР Битола стигнало известување дека четири лица биле завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.
Веднаш по добивањето на информацијата биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.


По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траеа до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин..

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани