2win800x200

Општини или партиски штабови?!

Октомври 27, 2017

Кругот на општинската зграда во Новаци, од синоќа е излепен со изборни плакати на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски.

lazar kotevski foto 3

Ликот на Котевски се наоѓа на плакатите залепени на железната ограда во дворот на општината, потоа на влезната врата, на бифето кое е дел од старата општинска зграда веднаш до реконструраниот објект каде се наоѓа општинската администрација и кабинетот на градоначалникот.

Во вака „украсен“ двор на општината се одржа митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, каде пред присутните се обратија лидерот на партијата Никола Груевски и кандидатот Лазар Котевски, а бината беше поствена пред главниот влез во општинската зграда.

kotevski 4

Вечерва СДСМ поднесе приговор до ОИК Новаци за лепење на изборни плакати на несоодветно место.

lazar kotevski 1

В недла во вториот круг на локалните избори, во општина Новаци, силите ќе ги одмерат, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски, кој бара четврти мандат и Љубе Кузмановски  од коалицијата на СДСМ.

Во новиот Совет , по четири советници имаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а еден мандат доби независниот советник Стефан Каранфиловски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани