2win800x200

Пијани и деструктивни тинејџери навечер прават хаос на Ќумурното игралиште

Април 30, 2019

Ќумурното игралиште во Битола секое утро носи слика на хаос. Искршени стаклени шишиња, расфрлани стакла низ тревата, остатоци од сендвичи, пластични шишиња и чаши, лушпи од семки и сончоглед...

Оваа слика е последица на вечерните пијанки и лудувања на млади битолчани кои ноќните забави „ ги приредуваат“ токму на тревата во Ќумурното игралиште.

Родители очевидци на ваквите ситуации велат дека се запрепастени од деструктивноста на младите и од нивната несовесност и негрижа.Фудбалски тренери, родители, па и деца кои тренираат на игралиштето секое утро го берат ѓубрето оставено од нивните несовени сограѓани. Сликите кои ни ги испратија родители  сведочат и за несовесноста и повозрасните кои на Ќумурното игралиште играат со несоодветни обувки, со чизми и чевли.

Тренери, родители  и деца бараат поголема грижа за игралиштето, надлежните да постават  ноќна стража кој нема да дозволува вакви ситуации.

Панде Богоевски директор на ЈКП Комуналец Битола, за апла.мк вели дека претпријатието врши надзор на Ќумурното игралиште и другите околни спортски терени секој ден до полноќ, но една иста група на млади постојано врши вандализам на теренот. За многу скоро како што вели Богоевски ќе биде санирана мрежата на оградата и решението за оваа ситуација ќе се бара во соработка со Општината и со полицијата од која, пак  ќе се побара да врши зачестени  ноќни патроли. Богоевски вели дека на игралиштето редовно се заменуваат сијалици и рефлектори се чисти и уредува но зијанот што го прават младите е голем и во континуитет. 

Ќумурното игралиште почна да се гради во 2008 година , а инвестицијата се движеше околу 300 илјади евра.

Така што во 2013 година, ФФМ за вештачката трева одвои 200.000 евра, а над 80.000 евра вложи општината за подземната инфраструктура.

kumur 2

kumur 1

kumur 4

kumur 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани