2win800x200

БИТОЛА НЕ ГО ДАВА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА, ЌЕ СЕ ОДРЖИ И ГОДИНАВА

Мај 03, 2019

21 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама ќе се одржи годинава од 9 до 13 мај во Битола, иако Министерството за култура не им даде ни денар. Центарот за култура предводен од директорката Маја Андоновска Илијевски заедно со вработените потпирајќи се на средства на институцијата, финансиска помош од Општината, јавни претпријатија, фирми, па и индивидуалци од градот решија да не се откажат од фестивалот.

 

„Јас и тоа како решив да не се откажувам и со сили сопствени и се разбира со подрршка на институции, фирми и претпријатија од нашиот град решивме да го организираме фестивалот. Многу домаќински работиме. Подрршката од општината и јавните претспријатиај е многу важна, но најголемиот товар паѓа врз грбот на Центраот за култура. Фестивал од ваков калибар не може да чини под еден милион денари. Овој фестивал ќе помини исто како да сме имале поддршка и од Министерството за култура. Дефинитивно од следната година ќе треба посериозно да се запрашаме каква е ситуацијата со културата во нашата земја“, рече директорката Андоновска Илијевски. JUV1505 1

Фестивалската програма ќе трае пет дена и ќе има 13 монодрами од кои три македонски, две во конкуренција и една вон конкуренција. Во конкуренција се монодрамите на актерот Бобан Алексовски „Дневникот на лудиот“ и Димитрина Мицкоска со „Женска утопија“.Со монодрами ќе настапат и актери од Турција, Хрвтска, Словачка, Молдавија, Русија, Црна Гора, Монголија и други држави. Фестивалот доби голема поддршка и од Народниот театар од Битола, кој на Фестивалот ја подари и новата премиера „Бакхи-краток преглед на распадот“ од Еврипид, а во режија на еден од најактуелните театарски режисери во поширокиот регион, наградуваниот Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одригра на отворањето на Фестивалот на монодрама во четврток. JUV1624

 JUV1453

Со свои настапи најавени се Миа Беговиќ, Ксенија Прохаска, Петар Милошевски, Камил Бистрик, Слободан Маруновиќ, Бајасгалан Церендор, Димитрина Мицкоска, Јана Лазар, Маја Бежанска, Васко Мавровски, Јесим Озосој, Бобан Алексоски и Игор Ларин.

„Новина е дебатниот клуб со трибина на 10 и 11 мај, кога ќе дебатираме околу монодрамата и двете страни на сцената. Иницијалната каписала за овие трибини е токму таа неподдршка што годинава ни се случи, па сакавме малку да го опипаме пулсот на уметниците и работниците на монодрама во нашата држава, но и во странство. Ќе разговараме дали има потреба од монодрама, што значи таа денес, дали уметниците што ја равботата се ставени на маргините, бидејќи мора да напомениме дека ова е единствен фестивал од ваков тип кој не случајно успеал да опстои 21 година“, рече директорката. JUV1425

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани