2win800x200

„Зелена нафта“ потече во Пелагонија

Јули 31, 2019

Од најголемата житница во државата -Пелагонија, денеска премиерот Зоран Заев, министерот за земјодeлство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, ја промовираа мерката “зелена нафта“ што ќе значи поевтино гориво за земјоделската механизација.

За оваа намена од Програмата за директни плаќања обезбедени се 200 милиони денари, а ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци кои имаат градинарски и поледелски култури, лозови и овошни насади. Државата ќе покрие 30 проценти од трошоците за нафта за механизацијата. Премерот Заев, во битолското село Кравари, ги подели првите картички за „зелена нафта“ на земјоделци.

67420542 2402849329752818 6164601851695071232 n

Рече дека најголемиот трошок во производството отпаѓа токму на нафтата. Поради тоа цената на  земјоделските производи е висока, а тоа ги прави неконкурентни на домашниот и на странските пазари.

-Поевтина или „зелена нафта“ земјоделците бараа повеќе од 10 години. Затоа, на почетокот на мандатот меѓу првите мерки на кои почнавме сериозно да работиме беше можноста да воведеме „зелена нафта“. Знаевме дека така најмногу ќе им помогнеме на земјоделците да ги намалат производните трошоци, да имаат порентабилно производство и да заработат повеќе. На овој начин и субвенциите кои се одвојуваат за оваа намена ќе имаат развоен ефект, бидејќи директно ќе се користат во производството и ќе создаваат нова вредност, истакна премиерот.

Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото.

67420841 1394184024068965 5860435347283902464 n

Пресметката кој земјоделец колку пари ќе има на картичката ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции. Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација. Земјодлеците веднаш се уверија како функционираат картичките за зелена нафта, на најблсиката бензиска станица каде ги наполнија резервоарите на земјоделеската механизација.

-Ова е историски ден за нас земјодлеците, бидејќи ова многу ќе ни помогне во обработка на земјaте, ќе станеме поконкурентни. Јас сум сточар, произведувам пченка, луцерка, пченица и јачемн и обработувам  околу 13 хектари, рече Були Манушевски, од битолското село Меџитлија

zemjodlec

Министерот за земјоделство Трајан Димковски рече дека целта на оваа мерка е да се направи земјодлеското производство поконкурентно, како на домашниот така и на европскиот пазaр.

67389587 2424590391097004 503114981609308160 n

-Со мерката „зелена нафта“, но и со сите досегашни преземени мерки ги намалуваме производствените трошоци, што за земјоделците значи поекономично производство и поголеми приходи. Со тоа земјоделскиот сектор го правиме поодржлив. Преку оваа мерка и институциите и земјоделците ги прилагодуваме кон заедничка земјодлеска политика на ЕУ, рече министерот Димковски.

Од денеска покрај земјоделците од Битола, платежните картички ќе можт да ги подигнат и земјоделците од Прилеп, Кривогаштани, Штип и Свети Николе. Во текот на нардните денови ќе бидат дистрибуирани картичките во останатите подрчани единици.

-Задоволство ми е што картичките ќе дојдат кај земјоделеците кои се на крај на годинашнава жетва, а знаеме дека секој денар е добредојден. Од овој момент сите земјоделците во подрачните единици каде веќе се дистрибуирани платежните картички можат да ги подигаат, а во наредниот период сите 55 илјади корисници ќе ги добијат картичките. Сакам да апалеирам, земјоделците пред да почант да ги користат картичките да одат на бензиските станици, да ја активираат картичката и да проверат дали износот на картичката одговара на износот на решението. Доколку е така можат веднаш да пристапат кон точење на гориво, рече Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка и рурален развој

67568386 1445469432321668 2803793881060081664 n

До крајот на април следната година земјодлеците ќе треба целосно да ги искористат средствата што им се на картичките, а со нив ќе можат да купат изклучиво еуродизел гориво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани