2win800x200

Обезбедени 22 милиони денари за реконструкција на патот за Маловишта

Декември 14, 2019

Општина Битола склучи договор за реконструкција на патот што води за Маловишта, единственото село распослано во границите на националниот парк Пелистер. Градоначалничката Наташа Петровска на својот фб профил објави дека обезбедени се 22 милиони денари за реконструкција на патот.

Инаку, жителите на Маловишта, а и посетителите со години наназад чекаат да се реконструира патот кој е тесен како да е еднонасочен и со дупки. Меѓутоа, во изминатите години немаше потемелен реконструктувен зафат. Со зафатот што престои се очекува селото да добие поголеми можности за туристички развој..

Инаку, Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, е прогласено за заштитена рурална споменична целина од минатата година. Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, освен историските, етнолошките, архитектонските вредности поседува и потенцијални економски вредности кои допрва треба да се развиваат. Селото, на 18 километри од Битола, се простира на надморска височина од 1.200 метри. Изобилува со специфична архитектура, куќи градени во стилот на старите влашки мајстори, во тврда градба од камен и со делумна употреба на дрвени елементи. Ентериерите се збогатени со сергии и долапи, рафтови крај украсени огништа и дрвени таваници. Над селото е манастирот „Св. Ана“ од 18 век во висока борова шума, а централната црква „Св. Петка“ изградена во 1856 отскокнува со својата доминантност и величенственост. Во неа има и галерија со стотина врвно изработени икони, ремек-дела на стари македонски зографи, со хронолошки распон од 500 години.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани