2win800x200

Санирани се три големи дефекти на водоводната мрежа, вработените на „Водовод“ останаа 22 часа на терен

Март 09, 2020

Директорот на ЈП Водовод, Горан Козаров, денеска се извини затоа што голем број граѓани вчера останаа  без вода, но рече дека претпријатието се соочило со три дефеки од големи размери, а екипите кои работеа на санација останаа 22 часа без прекин на терен. Без вода остана голем дел од градот и тоа Довлеџик, скоро цел Баир и дел од улиците „Солунска“ и „Цар Самоил“.

-Првично, вчера во раните утрински часови имавме дефект на кој екипите одгворија веднаш, но специфичноста на дефектот го одложи санирањето до 17 часот. Во оној момент кога се пушти водата во системот и кога требаше да се стави под притисок, вентилт што го прави тоа кај Црн Мост се скина, затоа што тој е постар и повеќе од 60 години. Потоа се интервенираше на таа локација. Пробавме со санирање, но тоа беше неизводливо, мораше да биде комплетна променет . Екипите пристапија кон менување на вентилот во 19 часот и работеа се до 03 часот по полноќ. Ситуацијата се нормализира во 3 часот утрово, но за жал кога се пушти водата , повторно од хидрауличен удар се случи уште еден дефкет на улицата „Борис Кидрич“ кај Ремо наспроти Кеопс. Тој веќе се санира и е при крај и граѓаните ќе добијат вода наскоро, изјави утрово Козаров.

Тој им се заблагодари и на вработените во ЈП „Водовод“ за нивната професионалност.

-Морам да ги пофалам екипите на „Водовод“ за нивната стручност, професионаност, посветеност. Работеа цели 22 часа, останаа на терен цело време, а во неделата вечерта донесовме уште една екипа , затоа што работниците веќе беа истоштени и уморни, рече директорот на ЈП „Водовод“ Горан Козаров

Тој рече дека низ градот има повеќе од 1500 вакви вентили, кои ќе се менуваат постепено.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани