2win800x200

ПЕТРОВСКА СЕ СРЕТНА СО ПОТОМЦИТЕ НА БОГОЈА ФОТЕВ, ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Октомври 11, 2020

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, при посетата на селото Бизтрица оствари средба со внуката на Богоја Фотев и нејзиното семејство. Д-р Вера и нејзиниот сопруг Лав, кои живеат во Скопје, раскажаа дека овој семеен спомен, куќата и имотот, кој ги врзува за Богоја Фотев, за нив е од огромно значење. Тука ги минуваат викендите и слободното време, потсетувајќи се на корените, традицијата и старите вредности преку фотографии и спомени.

Градоначалничката Петровска им се заблагодари на поканата и честа да го посети домот на овој македонски борец и политичар, во времето кога нашата земја го градеше историскиот пат на возобнова.фтецв

фотев 2

Богоја Фотев, кој во семејството се доселиле во Бистрица во 1914 година, избран е во Президиумот на АСНОМ како прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година е избран за повереник за земјоделство, а во април 1945 година, при изборот на првата Македонса влада, е назначен за министер за земјоделство и шумарство. Во април 1946 година ја презема функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание.богоја

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани