2win800x200

(видео)Предновогодишен концерт на Горната Гимназија-традицијата продолжува со онлајн изведба

Декември 30, 2020

 

Музички талентираните гимназијалци од Гимназијата „Јосип Б.Тито“ во Битола и годинава во услови на пандемија не ја прекинаа традицијата и онлајн го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт како дел од проектната активност по музичка уметност.  Нивниот ментор професорката по музичко образование Марија Арсиќ вели дека и покрај пандемијата не запре музички порив, љубовта и желбата за музицирање кај нејзините ученици и покрај многубројните училишни обврски. 

Традиционалниот предновогодишен концерт на учениците кои одбраа проектна активност од областа на музичката писменост- „ Љубители на музиката" под менторство на проф. Марија Арсиќ и оваа година иако во услови на пандемија, се реализира online, истакнувајќи го својот талент преку музички и изведбени активности за кои вредно и со големо задоволство работеа изминативе 3 месеци заедно.

-Ми останува задоволството со кое работам со нив и секоја година со секоја нова генерација сѐ повеќе се восхитувам на нивниот музички талент, изјави професорката Арсиќ.

 https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=rrgg2Q_QEI8&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1xCHpIgtLD4utqLDvKL5K8qfBSOa4FFcZMoUhiQKdf5R9q5k1eBL4IJPI

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани