2win800x200

РЕК работи со два блока, стабилизиран ископот на јаглен, соопштија од ЕСМ

Февруари 03, 2021

Ставен е во функција првиот Блок на РЕК Битола  Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден, соопшти АД ЕСМ

 

"Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.
Ископот на јаглен во Рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во Рудникот Брод Гнеотино. Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците за што раководството на Комбинатот изразува јавна благодарност", информираат од АД ЕСМ.


АД ЕСМ го одржува стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментов компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци, додаваат од компанијата

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани