2win800x200

„Раскажи ја својата приказна“, семејни колекции како туристичка атракција

Февруари 28, 2018

Семејни колекции, предмети, мебел, фотографии, документи , облека , лична или семејна историја или објекти со културно историско значење кои имаат потенцијал да станат туристичка атракција, ќе бидат промовирани како дел од локалната туристичка понуда во рамките на проектот „Раскажи ја својата приказна“.

                                   

Центарот за културна деконтаминација Битола е имплементатор на - Проект за унапредување на локалните политики за културен туризам и потикнување на индивидуалното претприемништво преку туристичка валоризација на приватни објекти и семејни атрактивности со културно-историско значење. Истиот е регрантиран како подпроект на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации" Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Фондацијата за оддржлив развој „ Преда Плус“.

-Проектот „Раскажи ја својата приказна“ се фокусира на сегментот на иновативни економски активности во делот на микротуризмот во Општина Битола. Активностите на проектот ќе траат осум месеци , заклучно со месец ,септември и ќе бидат фокусирани кон збогатување на локалната туристичка понуда , преку туристичка валоризација на културно историското - наследство во приватна или семејна соопственост. Проектот предвидува и формирање на мрежа на индивидуални туристички претприемачи , обуки и зајакнување на капацитетите за индивидуалното претприемништво во областа на туризмот и влијание врз креирањето на локалните политики за развој на туризмот. Проектот е поддржан од Општина Битола – преку одделението за Локален економски развој – ЛЕР, а вкупниот буџет за имплементација изнесува 246.000.00 денари, наведува Тоше Ивановски, координатор на проектот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани