2win800x200

Овој месец трипати повеќе новозаболени во Прилеп отколку во Битола

Март 10, 2021

Битола и Прилеп како да се во две различни држави, а не соседни градови оддалечени 39 километри, барем кога се работи за бројката на заболени пацинети со ковид 19. Од почетокот на март во Прилеп има безмалку три пати повеќе заболени граѓани со коронавирус отколку Битола. Според податоците од Министерството за здравство, од 1 до 9 март во Прилеп се дијагностицирани  397 новозаболени, а во Битола 143. Напоредно со ова и бројот на активни случаи е поголем за три пати. Во Битола има 228 лица кај кои болеста е во тек, а во Прилеп дури 704.

Сепак, дека и во Битола бројките не се охрабрувачки покажува тоа што од активните случаи повеќе од половината се лица кои се заразиле во март.

Разлика има и во бројот на починати. Во Прилеп до 9 март имаше девет умрени од ковид-19, а во Битола тројца.  Но, од почетокот на пандемијата до денес умреле 116 прилепчани повеќе од битолчани. Подетално, од ковид-19 од почетокот на пандемијата до денес битката за живот ја загубиле 273 заболени лица од Прилеп, а од Битола 157.

Во Прилеп британската варијанта на коронавирусот беше евидентирана уште во февруари кога здравствените власти соопштија дека оваа мутација е најфреквентна во Охрид и Прилеп. Првите случаи во Битола беа евидентирани на почетокот на март откако се утврди дека сопружниците кои патуваа во Занзибар се разболиле од британскиот сој и беа хоспитализирани во Струга и Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани