2win800x200

СДСМ вечерва на извршен одбор се очекува да го објави името на кандидатот за градоначалник на Битола

Август 30, 2021

Владејачката СДСМ вечерва на Извршен одбор се очекува да ги објави  имињата  и на останатите  кандидати за градоначалници, вклучително и за Битола.

Досега енигма и натаму беа кандидатите за Битола, Куманово, Струмица, Центар и Ѓорче Петров.

Генералниот секретар на партијата и министер за борба против корупција Љупчо Николовски неодамна изјави дека сите имиња ќе бидат познати најдоцна до 31 август.

И опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска објави дел од кандидатите за градоначалник во 10 општини, но не и за Битола. Од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека за Аеродром, Карпош и Битола ќе се знае за неколку дена..

Како кандидат за градоначалник на Општина РесенВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски. Којшто е вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ. Од СДСМ довербата за втор мандат ја доби актуелениот градоначалник Живко Гошаревски.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани