2win800x200

Хуман гест на директорот Крајовски и осудениците од затворот во Битола-донираа пакетчиња за деца на Педијатрија и во заводот „Кочо Рацин“

Декември 24, 2021

Управата на затворот „Црн мост“ во Битола заедно со осудениците, во овие предновогодишни празници направија хуман гест и донираа пакетчиња за децата хоспитализирани на одделението за Педијатрија при Клиничката болница Битола како и штитеници во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ -Битола.

 Нема достапен опис

 

-Во овој предновогодишен период секое дете е најсреќно кога ќе добие подарок. Управата на затворот во Битола заедно со осудените лица одлучија со дел од паричните средства кои што ги добиваат од нивната работна ангажираност да купиме новогодишни пакетчиња. Овие пакетичиња ги подаруваме на децата од одделението Педијатрија при Клиничката болница Битола на децата од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ -Битола како и на децата на осудените лица во затворот во Битола. Со овој гест сакаме да покажеме дека и осудените лица знаат да бидат хумани. Со оовј гест на децата сакаме да им ги честитаме престојните празници, изјави Драган Крајовски, директор на Затворот во Битола. 

Нема достапен опис

Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола , покрива 18 општини и 84 училишта. Штитениците во овој центар доаѓаат од Пелагонсикиот регион и од Југозападниот регион на државата. 

-Тука имаме 84 ученици, дел од учениците се интернатски сместени а дел патуваат секојдневно, а за сите ним доажањето на оразниците се радуваме сите, а посебно дечињата. Тие се радуваат кога ни доажаат гости, но за жал сега кога сме во вакви пандемиски услосви, со посебни протоколи, не можеме да ве примиме во просториите, туку донацијата ќе ја примиме пред влезот, а на дечињата ќе им ги дадат нивните родители. Децата ќе бидат неизмерно радосни, а им се заблагодарувам на донаторите, рече директорката на Ресурсен центар “Кочо Рацин“, Валентина Стојковска. 

 Нема достапен опис

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани