2win800x200

10 ПАТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО БИТОЛА

Февруари 03, 2022

Десет патници, од кои двајца потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 14.40часот на Краварски пат во Битола. Сите повредени лица во сообраќајката се префрлени на преглед во Клиничка болница Битола. 

Спред СВР , сообраќајната несреќа настанала меѓу три возила автомобил, комбе  и паркиран влекач. 
Од Болницата соопштија дека десет лица се донесени на преглед од кои двајца потeшко повредени. Пациентите се прегледуваат и се вршат дијагностички процедури.
Патниците во комбето се враќале од работа во битолска фабрика. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани