2win800x200

Полицијата со детали за вчерашната сообраќајка кај Кравари

Февруари 04, 2022

На 03.02.2022  во 14.39 часот  на ул.„Воден“, во близина на  бензинска пумпа во Битола, кај „Краварски пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од с.Жабени, битолско и автобус „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од с.Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од  Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од с.Избишта  ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани