2win800x200

Подготовки за донесување на нов Генерален урбанистички план, постоечкиот е стар 23 години

Февруари 07, 2022

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски заедно со претставници на општина Битола, денес остварија работна средба со стручниот тим од Jавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектираање и инженеринг, предводено од директорката Марија Зарова Силјановска.

 

На средбата се разговараше за тековните постапки и понатамошните чекори поврзани со донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, што претставува еден од приоритетите на Коњановски, поради фактот што во моментот Битола има ГУП од 1999 година, кој не ги исполнува потребните стандарди, односно не е во дигитална форма и не е изработен на ажурирана геодетска подлога.

 

Во годишната програма на Општина Битола за финансирање на изработка на урбанистички планови, Општината го вклучи донесувањето на новиот ГУП, за што веќе се отпочнати активностите. Новиот ГУП ќе се усогласи со законската регулатива и реалните потреби на градот од аспект на планирање на намени на површини, сообраќајна и друга инфраструктура, планирање на мерки за заштита на природното наследство и животната средина, заштита на природата, озеленување на населбите и други мерки за остварување на целите на планирањето..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани