2win800x200

Кои се претендентите за лидерската позиција во СДСМ Битола?!

Февруари 11, 2022

СДСМ бира локални раководства, чии исход треба да се знае на почетокот на март. Членови и симпатизери на партијата од Битола веќе доставија свои кандидатури и програми како планираат да ја водат локалната општинска организација во наредниот период. 

Од партиски извори се дознава дека за првата позиција во ОО на СДСМ Битола веќе има доставено неколку кандидатури и тоа главно од истакни и профилирани партиски кадри.

За правата позиција на ОО во Битола  според информации на Апла.мк интерес пројавиле:

Зоран Стојчевски - поранешен светник во Советот на Општина Битола,

Панде Богоевски - поранешен директор на ЈКП „Комуналец“ Битола,

Димитар Пипилевски - поранешен директор на училиштето во ОУ „Крсте П. Мисирков“ во Бистрица,

Александар Дракуловски - организациски секретар на општинската огранизација, вработен во ЈП „Стрежево“ Битола,

Гого Видимче - актуелен директор на Пелагонискиот плански регион, 

Драган Крајовски - актуелен директор на Битолскиот затвор „Црн мост“, поранешен прв човек на социјалдемократската младина во Битола. 

Не е исклучено за претседател на ОО на СДСМ Битола да има и други претенденти. 

-Пријавите за претседател на општинската организација на СДСМ Битола, согласно Правилникот се доставуваат до претседателот на СДСМ, односно до централата на партијата. Согласно роковникот за кандидирање и избор на претседател на ОО на СДСМ новите претседатели треба да се назначат на почетокот на март, велат од ОО на СДСМ за Апла.мк .

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани