2win800x200

22 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Јули 24, 2022

Во текот на изминатата вечер 23/24.07.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола односно Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Прилеп - 17, потоа Македонски Брод - 4 и 1 санкција Демир Хисар.
За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани