Август 23, 2019

Street gif

Здружението на пензионери од Битола за Велигден ќе донира храна за 51 семејство со ниски примања

Април 17, 2019

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница расправаше за некои прашање од доменот на својата активност. Претседателот, Томе Димитровски,  инфомрираше дека за нов претседател на Сојузот на пензионери на Македонија е избрана Станка Трајкова, а во одборите и комисиите  кооптираат  7 членови на битолското Здружение на пензионери, со можност кога ќе се докомплетираат и останатите комисии да кооптираат и други пензионери од битолското Здружение.

На седницата се донесе одлука по повод претстојните Велигеденски празници,  на 51 семејство со ниски примања од Битола да им бидат донирани прехрамбени артикли во вредност од 11 илјади денари

Се донесе одлука лабораториските прегледи за пензионерите еднаш во месецот да се извршуваат бесплатно во „Битолска лабораторија“ наспроти црквата „Св Димитрија“, а во Клиничката болница тоа да се прави во вторник, среда и четврток од 9,30 до 10,30 часот

Во врска со цената од 10 денари за градски превоз,  дополнително ќе се разговара со превозниците,  бидејќи досега не е постигната согласност за цената да остане иста, додека екскурзиите низ државата ќе започнат да се организираат од идниот месец по цена од 50 денари

В среда,  18 април 2019, (утре) во Прилеп ќе се одржи регионална ревија на песни, музика и игра на претсваници на пензионери од Прилеп, Крушево, Демир Хисар, а од Битола ќе учествува хорот „Сирма Војвода“.

Регионалната средба на спортски натпреварувања ќе се одржи во Крушево на 26 мај

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани