Февруари 22, 2018

Попладнево поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато, како  и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили, известуваат од АМСМ

Врнежите од снег вечерва предизвикаа проблеми во сообраќајот на некои патни правци, посебно на планиските превои.

Студено време утрово во Битола. Снегот кој падна синоќа во Битола не се задржа на коловозите. Снежна покривка има на Пелистер и во Пелагонија. Минималната температура измерена во шест часот утрово беше еден степен под нулата, а во Пелагониско и пониска. Максималната температура денес ќе се искачи до четвртиот степен над нулата.  Сепак, овие температури може да се каже и дека не се многу ниски ако се имаат во предвид сибирските зими кои Битола ја зафајќале во изминатите години, кога се случувало температурите околку христијанскиот празник Водици да паднат до минус 30 степени Целзиусови..26940779 333874087095964 1878538878 n

 26996133 333874053762634 922540479 n

Засилен ветер, со брзина над 70 киломери на час, во текот на попладнево, ќе донесе промена на времето и пад на температурите. Поради брз продор на студена воздушна маса, проследена со северен ветер, врнежите од дожд попладнево, ќе преминат во врнежи од снег во вечерните часови, особено во северните и западните подрачја.

По убавото  време и невообичаено високите температури  за овој период од годината, метеоролозите од утре најавуваат снег.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани