2win800x200

Трибина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Октомври 22, 2018

По повод Денот на Македонската револуционарна борба, 23 Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Битола, утре, вторник,  ќе организира трибина за формирањето, делото и значењето на Македонската револуционерна организација.

„Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Ве поканува заедно да го одбележиме еден од најзначајните денови во македонската историја, предвесникот на Илинденското востание, денот кога се удрени темелите на македонската борба за самобитност“, се наведува во поканата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ -Битола.

Трибината  ќе се одржи на 23 октомври  во 17 часот во малата сала на Центарот за  култура во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани