2win800x200

Снежна покривка се формира во Битола, од ЈП „Нискоградба“ велат дека нивната механизација веќе е на терен

Ноември 18, 2018

Иако календарски зимата се уште не е почната, снегот што непрекинато паѓа во Битола од утрово, формира и снежна покривка, а сообраќајот се одвива по кашести коловози. Од ЈП „Нискоградба“  за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, а на критичните места се фрла сол, додека по селата се чистат локалните патишта, за што на нивната ФБ страница објавија и кусо видео.  Од таму најавија дека за кратко време попладнево на терен ќе биде целата механизација со која располага ЈП „Нискоградба“

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека   утре во утринските часови ќе има променливо облачно врме, во источните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Преку денот сончево со умерена облачност, а во вечерните часови од запад облачноста повторно ќе се зголеми и во западните делови ќе има повремен дожд.

IMG 20181118 213502

niskogradba20foto.png

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани